Фудбал
Опааа, летале шамари во соблекувалната на Баерн Минхен по мечот со Сити, спречена голема тепачка, ѕвездата суспендирана!
Напаѓачите на Баерн, Садио Мане и Лерој Сане имаа физичка пресметка по првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите со Манчестер сити (0-3), објави „Bild“.
Според германскиот весник, конфликтот започна за време на натпреварот, а потоа продолжи во соблекувалната. Забележано е дека на Мане не му се допадна тоа што Сане не му додал топка при една акција. Расправијата заврши со тоа што Сенегалецот го удри германскиот напаѓач по лицето. Фудбалерите брзо беа разделени, по што соиграчите го извадија Сане од соблекувалната. Како што објави Билд, Мане поради ова е привремено суспендиран.