Ракомет
Операцијата Виена неуспешна, Македонија го заврши настапот на ЕП
Нашите репрезентативци одиграа катастрофален натпревар, првото полувреме имаа доста шански кои не ги искористиа, а Австријците нашите грешки ги користеа и постигнуваа голови, полувремето заврши со резултат 18:12.
Второто полувреме, Авсртијците поголемиот дел одржуваа разлика од +10, а стигнаа и до +11, пред крајот на натпреварот нашите реперезентативци се разиграа и го намалија водството на +4, а крајниот резултат беше 32:28.
Поради многу промашени зицери и слаба одбрана во клучниот натпревар, нашата репрезентација го прекинува натпреварувањето во ЕП.