Connect with us

Фудбал

Oпштина Гостивар со 100.000 денари го спаси Вардар Форино

Општина Гостивар го спаси Вардар Форино со 100.000 денари и со тоа ќе продолжи да се натпреварува. Во последен час второлигашот Вардар Форино беше спасен и тоа од страна на општина Гостивар.

Откако вчера беше најавено дека поради неисплатени плати, Вардар Форино нема да го игра денешниот дуел со Влазерими, денес клубот изнесе нови информации до јавноста.

Најавите беа дека клубот ќе почне од почетокот и ќе се врати во четвртата лига, сепак сумата од 100.000 денари ќе помогне клубот да продолжи да биде второлигаш.

Утре 13:00 часот Вардар Форино ќе го игра натпреварот против против Кораб во рамките од 13. коло во втората лига. Вардар Форино се наоѓа на осмата позиција на табелата со 12 освоени бодови.