Connect with us

Други спортови

Осака: Ќе беше многу непријатно ако изгубев за помалку од еден час

Њујорк, 13 септември 2020 (МИА) – Шампионката на УС Опен 2020, Наоми Осака додаде уште една Гренд слем титула во својата колекција во Њујорк откако за прв пат триумфираше во Големото јаболко во 2018 година.

Јапонката изминатава вечер во финалето ја совлада белорусинката Викторија Азаренка со 1:6, 6:3, 6:3, но мечот започна на кошмарен начин за Азијката, откако набрзина го загуби првиот дел и заостануваше со 0:2 во вториот сет пред направи голем пресврт.

– Прво сакам да и честитам на Вика. Не сакам да играм повеќе финалиња со тебе, тоа беше многу тежок натпревар за мене, но во исто време и инспиративен, бидејќи кога бев помлада гледав како играш овде и ми беше одлично да имам можност да играм со тебе, со насмевка се обрати на Азаренка новиот шампион за време на доделувањето на наградите.

Осака не пропушти да им се заблагодари на луѓето во својот тим, на ВТА и на организаторите на УС Опен, не заборавајќи го своето семејство.

– Мислев дека ќе биде многу непријатно да го загубам мечот за помалку од еден час и се трудев се од себе да престанам да бидам лошо расположена, додаде Осака, зборувајќи за тоа како се чувствуваше на страшниот почеток на финалето. .

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com