Connect with us

Други спортови

Осака рутински до втора титула во Мелбурн

Јапонката Наоми Осака е победничка на овогодишното издание на Австралија опен. Осака денес ја оправда улогата на фаворит и за нешто повеќе од еден час успеа да го реши натпреварот.

Така, јапонската тенисерка стигна до четвртата титула на грен слемовите во исто толку одиграни финалиња. Пред Осака, уште една легендарна тенисерка успеа во својата кариера да стигне до четири титули после четири одиграни финални мечеви, Моника Селеш.

Сега цело внимание се насочува кон машкото финале, во кое Новак Ѓоковиќ ќе биде предизвикан од Данил Медведев.