Connect with us

Други спортови

Осака сепак ќе го доигра турнирот во Њујорк

Њујорк, 27 август 2020 (МИА) – Десеттиот рекет на светот, Наоми Осака се согласи да игра во полуфиналето на Мастерсот Синсинати во Њујрок.

Таа претходно објави дека во знак на протест се повлекува од турнирот. Јапонката протестираше поради инцидентот во државата Висконсин, каде полицијата пукаше во црномурестиот Џејкоб Блејк.

Во полуфиналето Осака утре треба да се соочи со Елиза Мертенс.

Осака соопшти дека ја сменила одлуката за бојкот откако се консултирала со ВТА ​​и организацискиот комитет на турнирот. зс/