Connect with us

Фудбал

Остана без мајка како дете, работеше се и сешто, а потоа најде копачки на депонија, Осимен сега го бараат најголемите, зад себе има неверојатна приказна!

„Црвените ѓаволи“ последен пат ја освоија титулата во Премиер лигата во сезоната 2012/13, а за Манчестер повторно да биде претендент за шампионската титула, на гигантот од „Олд Трафорд“ му треба врвен напаѓач.

Челниците на Манчестер решија да одвојат голема сума за голгетер на лето, а медиумите од островот пренесуваат дека најдобро решение за Јунајтед е напаѓачот на Наполи  Виктор Осимен, па Англичаните ќе испратат до Неапол понуда од неверојатни 120 милиони евра.

Сепак, малкумина знаат за тешката приказна на ова момче од Нигерија. Виктор ја изгубил мајка си како дете, пораснал со татко му и брат му и работел на различни работи за да заработи пари и да му помогне на семејството.

Не бирал работа, а така било се додека еден ден не нашол пар копачки на ѓубриште, кои неколку години подоцна се испоставило дека целосно му го промениле животот.

Денеска Осимен спаѓа во групата на најдобри светски напаѓачи и како што еднаш кажа е горд на тоа што станал.

– Беше многу тешко кога ја загубивме мајка ни, а уште потешко кога и татко ни остана без работа. Немавме доволно да јадеме, но сега можам да му дадам на моето семејство се што ќе посака откако станав професионалец – изјави нигерискиот напаѓач.