Фудбал
Осум играчи го напуштаат Ајакс на крајот на сезоната?
Изгледа дека Ајакс ќе остане без неколку клучни играчи на крајот на сезоната.
Имено, дури осум играчи скоро сигурно ќе го напуштат Ајакс на крајот на сезоната, а четворица од нив се клучни играчи.
Тоа е голман Андре Онани, потоа Ван де Бик, Николас Таглијафиќ и Дејвид Нерес. Сите четворица играчи се многу важни во тимот на Ајакс, и тие скоро сигурно ќе го напуштат клубот.
Покрај нив, може да го напуштат клубот и Далеј Блин, Џоел Велтман, Мазрауи и Сергино Дест. Ова сигурно би бил голем удар за Ајакс.
Сепак, тие би заработиле добри пари и би донеле пристојни замени, но прашањето е колку можат да направат следната сезона доколку заменат повеќе од половина од почетниот состав.