Connect with us

Фудбал

Осум секунди, празна мрежа: Гол каков што не сте виделе (ВИДЕО)

Гледаме необични голови речиси секој викенд, но она што се случи во Холандија мислиме дека досега не сте виделе.

На натпреварот помеѓу Феенорд и Ден Хаг во младинската лига до 21 година, публиката виде гол по само 8 секунди игра. Не е прв пат да се постигне гол толку брзо, но начинот на кој беше постигнат е навистина чуден.

Комичната ситуација се разви веднаш по стартот на натпреварот. Топката беше вратена кај голманот, но голманот на Ден Хаг не беше пред сопствениот гол, туку на 25 метри пред него.

Несреќниот голман толку несмасно ја прими топката, како вистински почетник, што се чинеше дека се одби од него и отиде како подарок на истрчаниот противник Нестро Хрун, кој потоа влезе во празна мрежа и постигна еден од најлесните голови.

Фудбалерите на Ден Хаг го започнаа стартот каде сите тргнаа во напад и тактиката беше голманот да ја шутне топката кон шеснаесетникот на домаќините за да се обиде веднаш да се закани кон голот на Феенорд. Наместо тоа, токму тие мораа да го полнат центарот по втор пат во истата минута речиси без опасност.