Connect with us

Фудбал

Освои се што можеше во Европа, сега игра во Саудиска Арабија, облечен како шеик рекламира парфеми (ВИДЕО)

Алжирскиот репрезентативец Ријад Махрез беше еден од многуте фудбалери кои летово заминаа од Европа во Саудиска Арабија каде успеа да се занимава и со активности надвор од теренот. Имено, на социјалните мрежи се појави видео на кое Махрез седи како шеик и рекламира парфем. Инаку, и Махрез имаше проблеми при пристигнувањето во Џеда, бидејќи имаше труење со храна и заврши во болница на кислород, но таа епизода сега е зад него.

Во меѓувреме би можел да се посвети на фудбалот, па досега за Ал Ахли има шест настапи, постигна два гола и забележа три асистенции. Да потсетиме, Махрез пет години беше играч на Манчестер Сити, со кој освои се, вклучително и историската прва Лига на шампиони за англискиот клуб.