Фудбал
Замина за Барселона да потпише договор и беше непријатно изненаден
Седрик Бакамбу нема добро да се сеќава на последниот ден од преодниот рок во јануари.
На овој 28-годишен напаѓач му беше понудена можност да ја продолжи кариерата во Барселона и да го замени повредениот Луис Суарез по одличните натпревари во Кина, но остана без ’трансферот на живот’ бидејќи тој заврши на многу непријатен начин.
Ден пред затворањето на зимскиот преоден рок Бакамбу и Барселона договорија сè, тој веќе се качил во авионот и се упатил кон Шпанија на лекарски прегледи и потпис на договор, но од екипата на Каталонците се предомислиле.
На патот, Бакамбуа беше контактиран од спортскиот директор на Барселона, Ерик Абидал, информирајќи го дека клубот го откажал трансферот, па тој бил принуден да го смени билетот и да се врати во Сеул, каде тренира неговиот клуб поради страв од коронавирус.
Иако првично не се грижеше дека Каталонците си поиграат со него, Бакамбу сепак се пошегува на своја сметка и побара од страницата на Трансфермарк да додадат „скоро играч на Барселона“ во неговиот профил .
Бакамбу претходно веќе имал шанса да игра во Шпанија за екипата на Виљареал.
Yo @Transfermarkt change my transfer history with "Almost @FCBarcelona" please ??
No matter what happens we trust the process.
Thank God for everything ??See you an other time @AntoGriezmann ? https://t.co/eeOzZMU7V2
— Cédric Bakambu (@Bakambu17) January 30, 2020