Connect with us

Тајмаут

Откако ја раскинал врската со Памела Андерсон им се фалел на соиграчите дека 12 пати дневно воделе љубов

Адил Рами, дефанзивец, кој со Франција стана светски првак, беше во врска со поранешниот секс симбол Памела Андерсон. Контроверзната актерка и тој беа во врска подолго време, а неговиот соиграч Александар Кокорин откри интересни детали.

-Рами ни откри интересни работи за Памела. Сите бевме љубопитни да откриеме приказни и детали од нивната спална соба. Адил рече дека Памела е најкул жена во неговиот живот. Имале секс 12 пати на ден. Тој не се двоумеше да ни го каже тоа, вели Кокорин.

Интимната врска помеѓу Адил Рами и Памела Андерсон заврши во 2019-та година. Актерката се пожали дека ја вознемирувал, а медиумите пишуваа дека по прекинот на врската фудбалерот не престанал да ја навредува.

Памела Андерсон има 52 години, а Адил Рами 34.