Connect with us

Фудбал

Откако Манчестер Јунајтед го освои првиот пехар по шест години, Сер Алекс не можеше да ја одбие поканата, се симна во соблекувалната (ВИДЕО)

„Црвените ѓаволи“ забележаа победа од 2-0 над Њукасл благодарение на ударот со глава на Касемиро и автоголот на Свен Ботман и го освоија својот прв пехар во последните шест сезони. Шефот Ерик тен Хаг дури го покани Сер Алекс Фергусон во соблекувалната за да слави со тимот, при што сегашниот и поранешниот менаџер позираа заедно со трофејот.


Сер Алекс Фергусон е синоним за Манчестер Јунајтед. Под негово водство овој клуб ги доживеа најголемите успеси во клупската историја. Ги предводеше „Црвените ѓаволи“ од  1986 до 2013 година.