Фудбал
Откако направи голем скандал во Полска, УЕФА со конечна одлука, дали еден од најдбрите судии ќе го суди финалето помеѓу Сити и Интер?!
Европската фудбалска унија (УЕФА) денеска потврди дека Полјакот Шимон Марчињак ќе го суди финалето на Лигата на шампионите, откако се извини што зборувал на настан поврзан со десничарски политичар.
УЕФА објави дека ги прифатила „длабокото извинување и објаснувања“ на судијата и дека варшавската антирасистичка група „Никогаш повторно“ побарала Марчињак да остане во финалето на Лигата на шампионите, кое Манчестер Сити и Интер ќе го играат в недела, на 10 јуни во Истанбул.
Таа група во четвртокот ја информираше УЕФА дека судијата зборувал на митинг организиран од полскиот десничар, меѓу другите, Славомир Менцена, и побарал од Марчињак веднаш да се огради од крајно десничарските политичари и токсичната екстремно десничарска политика.
Марчињак е еден од најдобрите светски фудбалски судии, а го судеше финалето на минатогодишното Светското првенство во Катар помеѓу Аргентина и Франција. Судеше и на Светското првенство во 2018 година и Европското првенство во 2016 година, како и на бројни натпревари од европските клупски натпреварувања во претходните сезони.