Фудбал
Откажан е пријателскиот натпревар помеѓу Каталонија и Јамајка
Репрезентацијата на Каталонија требаше да игра пријателски натпревар против Јамајка овој месец.
Пред неколку месеци беше потврдено дека Каталонија ќе игра пријателски натпревари против Јамајка во Леида на 30 март, но денес официјално беше објавено дека овој меч е откажан поради коронавирусот.
Фудбалската федерација на Каталонија денеска даде официјално соопштение каде потврдија дека натпреварот против Јамајка е официјално откажан. Според договорот на овие селекции, беше решено дека е најдобро да не се игра натпреварот заради можноста за ширење на коронавирусот.
Ова е само уште еден натпревар во низа кој беше откажан поради коронавирус. Италијанците имаат најмногу проблеми и донесоа одлука натпреварите во Серија А да се играат пред празните трибини до 3 април.
? Suspendido el Catalunya-Jamaica por el coronavirus
➕ Info en beves en https://t.co/QLyejhEYVP pic.twitter.com/h4upnUPdTH
— Diario SPORT (@sport) March 5, 2020