Фудбал
Отказите го чинеа Челзи 90 милиони фунти!
Разрешувањето на Антонио Конте и неговиот стручен тим го чинеа Челзи точно 26,6 милиони фунти. Ова стана јасно од извештајот на клубот за финансиската година што завршува на 30 јуни 2019 година. Ова значи дека Челзи исплатил вкупно над 90 милиони фунти како компензација на отпуштените менаџери откако Роман Абрамович стана сопственик на лондонските „сини“.
Клубот инвестирал 280,6 милиони фунти во играчи во сезоната 2018/19 година. Ова вклучува трансфери на Кепа Аризабалага, Кристијан Пулишиќ, Матео Ковачиќ и Жоржињо.
Загубите на Челзи достигнаа 96,6 милиони, а рускиот милијардер во тој период внел 247 милиони фунти во клубот.