Други спортови
Откриен начинот на кој Михаел Шумахер комуницира со своето семејство
Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер е далеку од очите на јавноста скоро седум години.
Малку се знае за состојбата на славниот шампион по несреќа на скијање и тешката повреда на главата, а само повремено се откриваат одредени информации.
Неодамна неговиот голем пријател Жан Тод откри колку често е со Шумахер и дека дури и гледале една трка заедно, но не разговарале за неговата состојба.
За тоа тука е поранешна сопруга на славниот шеф на Ф1, Флавиус Бриаторе, Елизабета Грегорачи. Таа кратко рече:
“Михаел не зборува, но комуницира со неговите очи. Само три лица можат да го посетат и јас знам кои се тие”, рече Грегорачи во Големиот брат.