Ракомет
Реални услови за регуларно завршување на ракометната сезона нема
Генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски во дебатата го сподели размислувањето околу тоа дали може сезоната во домашното првенство да биде завршено.
„Со оглед на фактот дека имаме вонредна состојба која што ќе трае во нашата држава до 15 мај дополнително фактот кој што вели дека поголемиот број на договори на ракометарите и ракометарите се со валидност исто до крајот на мај. А дополнително и насоките од Европската ракометна федерација кои што ги имаме да се заврши националниот систем на натпревари до крајот на мај, се наметна заклучокот дека не постојат реални услови за регуларно завршување на самото првенство“.