Фудбал
Откриена меѓународна допинг-мрежа , тренерите и на бензински пумпи земале крвен допинг
Докторот од Ерфурт на германската јавна телевизија во саботата наведе , но не именуваше, австриски крос-кантри скијач и атлетичарски тренер како лица кои се вклучени во давање крвен допинг на неговите спортисти.
Шмит бил уапсен во март 2019 година, по што следеле полициски рации низ Германија и Австрија, вклучително и на СП во нордиски дисциплини, што се одржа во Сефелд, Австрија. Во аферата биле замешани дури 23 спортисти.
Контроверзниот доктор сега е во затвор во очекување на казната за организација на крвен допинг од 2011 година, а работел како тимски лекар за велосипедските екипи „Геролштајнер“ и „Мирам“.
Тој доставувал крвен допинг на состаноци со тренери и спортисти дури и на бензинските пумпи во Германија, но исто така патувал и на Хаваите и на Зимските Олимписки игри во Пјонгчанг.
Бидејќи не можел да пренесе кеси со крв во авионите, тој им вбризгувал крв на спортистите на аеродромот во Франкфурт, а тие спортисти тогаш го ризикувале животот со премногу крв во нивните тела за време на прекуокеански летови.
kanal5.com.mk