Фудбал
Откриено е лудото барање на Ибрахимовиќ за враќање во Серија А
Златан Ибрахимовиќ бара 1 милион евра месечно за да се врати во Серија А, пренесува „Ла Република“, бидејќи за него се заинтересирани Милан, Болоња, Рома, Наполи и Фиорентина.
Напаѓачот наскоро ќе биде слободен агент бидејќи неговиот договор со ЛА Галакси истекува на крајот на декември.
За Милан, Рома, Болоња и Наполи се шпекулираше за можен трансфер на поранешниот играч на Јувентус, Интер и Милан.
Новинарите на италијанскиот весник пишуваат дека Ибра сакаат 1 милион евра месечно, односно 6 милиони евра до крајот на сезоната.