Connect with us

Фудбал

Открија кои напаѓачи ги следи Милан

Раководството на Милан на лето ќе се обиде да ја обнови напаѓачката моќ. Клубот во моментов ги има 37-годишниот Оливие Жиру, 41-годишниот Златан Ибрахимовиќ, како и Дивок Ориги, кој летото пристигна од Ливерпул, но беше неубедлив во своите настапи.

„Росонерите“ планираат да привлечат барем еден централен напаѓач, а доколку Рафаел Леао биде продаден, ќе се бара негова замена, пишува „Гаџета дело спорт“.

Ноа Окафор од Ред Бул Салцбург може да стане таков. Швајцарскиот интернационалец има сличен профил како Леао. Неговото име често се поврзува со трансфер на Сан Сиро, додаваат медиумите.

Друга опција е Армандо Броја од Челзи. Сепак, Албанецот има тешка повреда и повеќе нема да игра оваа сезона. Ѕвездата на Лил, Џонатан Дејвид, исто така влезе во плановите на Милан. Канаѓанецот долго време е следен од скаутите на клубот.

Францускиот интернационалец Рандал Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт повторно е на агендата на Росонерите. Напаѓачот беше баран уште минатата зима, но потоа претпочиташе да потпише со „орлите“ и како слободен играч од Нант се пресели во германскиот клуб. Офанзивниот фудбалер настапува на многу високо ниво и Милан продолжува да го следи неговиот развој.