Connect with us

Фудбал

Ова е дрес вреден над 600.000 долари: Едноставната кратенка и потпис му ја зголемија вредноста

Дресот што го носеше познатиот бек Том Брејди на еден од натпреварите на Тампа Беј Баканиерс може да се продаде за над 600.000 долари.

Легендарниот американски фудбалер, кој со години испиша историја со Њу Ингланд Патриотс, кариерата ја продолжи во Тампа и веднаш го доведе до титулата шампион.

На патот до титулата (во финалето го совладаа Канзас Сити Чифс) падна и Атланта Фалконс, а дресот од овој меч може да достигне и нереална бројка.

Брејди се потпиша на дресот во кој го играше натпреварот на 3 јануари 2021 година, а покрај својот потпис остави натпис „GOAT“

Аукциската куќа Голдин верува дека ова е единствениот дрес на Брејди во историјата со натпис „најголемиот на сите времиња“ (GOAT) и затоа може да достигне рекордно високо ниво.

Моменталната понуда за дресот е 260.000 долари, а аукцијата за дресот е можна до 9 јануари.

Том Брејди според многумина е најдобриот американски фудбалер на сите времиња, а овој 44-годишник во кариерата има освоено дури седум шампионски титули.

Реклама

Facebook

Реклама