Connect with us

Фудбал

Ова е најлудиот гол за оваа година, признаен е иако е постигнат со рака (ВИДЕО)

Младата американска фудбалерка Зои Махони го постигна најлудиот гол виден оваа година, а истиот беше признат иако беше постигнат со рака. За време на викендот, Зои Махони постигна гол кој брзо и донесе светска слава. Во дуел помеѓу колеџ тимовите на Дрејк и Северна Ајова, студентката од прва година успеа да погоди директно од аут линијата. Таа додека ја внесуваше топката во игра, тоа го направи со акробатски потег, што само по себе е реткост во светот на фудбалот.

Сепак, за работите да бидат поимпресивни, топката заврши во мрежата. Иако головите од аут не се признаваат, сепак овој беше признаен затоа што голманката на Северна Ајова ја допре топката и дозволи овој гол да биде постигнат со рака. Инаку, нејзиниот тим славеше со 2:1

Facebook