Connect with us

Фудбал

Ова е навивачот на АЕК кој е убиен од страна на хулиганите на Динамо Загреб среде Атина (ФОТО)

Страшна вест доаѓа од Атина – Навивачите на Динамо од Загреб убиле навивач на АЕК вечерта пред натпреварот закажан меѓу двете екипи во третото коло од квалификациите! Со поддршка од навивачите на Панатинаикос, хрватските хулигани пристигнаа во Атина иако претходно беше најавено дека нема да смеат да влезат, и направија хаос. Михалис (29) го загуби животот во нередите на улиците на Атина! Млад човек од Елефсина, крајбрежно предградие северно од Атина, почина во болница откако беше смртно повреден во судир меѓу групите на поддржувачи. Медиумите во Грција открија шокантни детали за неговата смрт бидејќи покрај прободувањето кое го остави беспомошно да лежи во крвта, Михалис добил и серија удари со палки од хулиганите.