Connect with us

Фудбал

„Ова е последната година на Мане во Ливерпул“

Меди Туре, поранешен учител на Садио Мане и основач на фудбалска академија во Сенегал, во интервју за „Ливерпул Ехо“ зборуваше за иднината на напаѓачот на „Редсите“.

Откако ја освои Африканската Златна топка, напаѓачот на Ливерпул има за цел да биде потврден меѓу најдобрите играчи на светот. Да го стори тоа, според Туре, Мане мора да ги напушти Премиер лигата и Ливерпул, и да замине во Шпанија.

„Садио ми рече дека има за цел да стане еден од најдобрите фудбалери во светот. И сега тој успеа. Сепак, тој мора да го напушти Ливерпул“, рече Туре.

„Ова е неговата последна година и време е да се направи чекор напред, во Барселона или Реал Мадрид. Го познавам уште од дете. Денес ги имаме Меси и Нејмар, но не мислам дека овие играчи се добри како Садио.“