Кошарка
Ова е прв извештај од полицијата по несреќата во која загина популарниот Коби
Легендарниот поранешен кошаркар во НБА, Коби Брајант (41), загина во неделата наутро во хеликоптерска несреќа во Калабасас, Калифорнија, соопшти полицијата.
„Со голема тага ја добивме веста за смртта на Коби Брајант и осум други во хеликоптерска несреќа во Калабасас“, се вели во соопштението.
Според Ројтерс, неколку водечки американски медиуми објавија дека 13-годишната ќерка на Брајант била во хеликоптерот.
„Ова е моментот кога се бориме да најдеме зборови за да го изразиме шокот и тагата што ја чувствуваме, а Коби и целото негово семејство се во моите молитви во ова време на незамислива болка“, рече градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсет.
Асошиејтед Прес соопшти дека добила информација од локалните власти дека во хеликоптерот имало девет лица и дека се сомнева дека сите се загинати во несреќата.
Американската агенција соопшти дека неименуван извор потврдил дека ќерката на Брајант била во хеликоптерот.
Несреќата се случила околу 10 часот по локално време во Калабасас, на околу 48 километри северозападно од Лос Анџелес.
Портпаролот на Федералната управа за авијација на САД (ФАА) Ален Кениер изјави дека станува збор за хеликоптер Сикорски С-76 и дека причината за несреќата не е позната досега.
Националната служба за безбедност во сообраќајот на САД (НТСБ) испрати тим на иследници на местото на настанот и нивниот првичен извештај може да се очекува за десет дена.
Видеата од местото на несреќата се појавија на социјалните мрежи.