Фудбал
Ова е репрезентацијата со која Франција ќе ја брани титулата светски шампион
Дидие Дешамп, селекторот на француската фудбалска репрезентација го објави списокот од 25 играчи кои ќе ги однесе на Светското првенство во Катар. Таму Французите ќе ја бранат шампионската титула освоена пред четири години во финалето против Хрватска. На списокот ги нема Пол Погба и Н`Голо Канте, кои нема да се опорават од повредите пред почетокот на натпреварувањето.
Ростерот на Франција за Светското првенство:
Голмани: Уго Лорис (Тотенхем), Алфонс Ареола (Вест Хем), Стив Манданда (Рен).
Одбрана: Бенџамин Павард (Баерн Минхен), Жил Кунде (Барселона), Рафаел Варан (Манчестер Јунајтед), Преснел Кимпембе (ПСЖ), Вилијам Салиба (Арсенал), Лукас Ернандез (Баерн Минхен), Тео Ернандез (Милан), Ибрахима Конате ( Ливерпул), Дајот Упамекано (Баерн Минхен).
Средниот ред: Адриен Рабиот (Јувентус), Аурелиен Куамени (Реал Мадрид), Јусуф Фофана (Монако), Матео Гуендузи (Марсеј), Џордан Веретут (Марсеј), Едуардо Камавинга (Реал Мадрид)
Напад: Усман Дембеле (Барселона), Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен), Карим Бензема (Реал Мадрид), Оливие Жиру (Милан), Антоан Гризман (Атлетико Мадрид), Кристофер Нкунку (РБ Лајпциг).
На Светското првенство Франција игра во групата Д со Австралија, Данска и Тунис. Натпреварот се отвора со пресметка со Австралијците на 22 ноември.