Фудбал
Ова е реткост, Роналдо во сабота влегува во „Клубот 1000“
Кристијано Роналдо во сабота на гостувањето на Јувентус на екипата на СПАЛ ќе има шанса да се запише со големи букви во фудбалската историја. Доколку Португалецот настапи на овој меч, ќе влезе во „Клубот 1000“, односно ќе го одигра 1000-тиот натпревар во професионалната кариера.
Ова им успеало на 29 фудбалери во историјата, но за прв пат еден Португалец го постигнува тоа. Прв на листата е легендарниот англиски голман Питер Шилтон со 1390 мечеви.
Роналдо во дресот на Реал Мадрид одиграл 438 натпревари, 292 за Манчестер Јунајтед, 74 за Јувентус, 31 за Спортинг Лисабон и 164 за репрезентацијата на Португалија. Вкупно постигнал 724 голови.