Фудбал
Ова е знамето за кое на Хрватска и се заканува строга казна
Усташкото знаме, забрането со закон во Република Хрватска, беше истакнато на натпреварот помеѓу Хрватска и Летонија (5:0), кој се одигра во рамките на евроквалификациите на Рујевица во Риека. Таму беше донесено и развеено од тројца гледачи. Тие беа идентификувани и осудени.
„Хрватскиот фудбалски сојуз објави фотографија со која се докажува незаконското однесување и истакнување на усташкото знаме, што е забрането со закон во Република Хрватска. Како што може да се види, во горниот лев агол на знамето има забранет, усташки симбол“, наведуваат од федерацијата.