Фудбал
Ова ги преминува сите граници: Дали сте виделе колкава плата сака Ливерпул да му даде на Салах?
Неспорно е дека Мохамед Салах со години е еден од најдобрите играчи на Ливерпул.
Тој е член на „црвените“ од 2017 година кога пристигна од Рома, а со тим од Енфилд успеа да стане англиски шампион и европски првак.
Неговиот договор со Ливерпул истекува во летото 2023 година, но според информациите кои ги соопшти ESPN, тие веднаш сакаат да го продолжат и што подолго да го задржат одличниот Египќанец во своите редови.
Од истиот извор дознаваме дека Ливерпул е подготвен да понуди плата од дури 592 илјади евра неделно, што е околу 31 милион евра на годишно ниво. Тоа би го направило Салах еден од најплатените фудбалери во светот.
И оваа сезона Салах игра во одлична форма и на 24 натпревари во дресот на „црвените“ постигна 22 гола со девет асистенции и моментално е најдобар стрелец и асистент на англискиот премиерлигаш каде неговиот Ливерпул е во борба за титулата со Манчестер Сити.
Граѓаните по 18 кола имаат три бода повеќе од „црвените“, а денеска играат против Лестер, додека натпреварот помеѓу Ливерпул и Лидс е одложен поради коронавирусот.
Инаку, Салах ја освои титулата со Ливерпул во Англија во 2020 година, а шампион беше и во 2015 година кога го носеше дресот на Челзи. Ќе видиме дали е дојдено време и за нова титула.