Други спортови
Ова ќе биде неговиот последен ден на работа: Умар повика на мир во Украина, преведувачот и се заблагодари на Русија (ВИДЕО)
Умар Нурмагомедов синоќа во Лас Вегас го победи Брајан Келехер со гушење во првото коло.
Неверојатниот Дагестанец забележа нова импресивна победа, а противникот немаше шанси против братучедот на славниот шампион Хабиб Нурмагомедов.
Сепак, по натпреварот се случи бизарна сцена во која главната улога ја имаше руски преведувач кој го доведе Умар во прилично непријатна ситуација.
По победата, Умар им се заблагодари на семејството и пријателите кои се во Русија и повика на мир во Украина.
Umar Nurmagomedov thanked everyone in Russia/Dagestan and got booed pic.twitter.com/1KIxFu1Csq
— Follow @FTB_VIDS (@FTB_VIDS) March 6, 2022
Сепак, преведувачот не го кажа тоа. Тој преведе како Умар и се заблагодарува на Русија, а тоа ја вознемири публиката која го исвирка дагестанскиот борец.
Апсолутно ништо не му беше јасно на Умар. Сепак, веројатно сфатил дека човекот до него се збркал и дека поради тоа добивал навреди од трибините.
Интересно е што официјалниот преведувач на тимот на ‘Нурмагомедов’ беше спречен да влезе во октагонот, но по ова сигурно е дека господинот што преведуваше повеќе нема да биде во оваа улога.
Умар Нурмагомедов синоќа покажа дека е навистина прекрасен борец и дека многу лесно може да стигне до појасот во лесна категорија. Противникот му упати само еден удар, а мечот беше завршен во првата рунда.
Одличниот Дагестанец под водство на Хабиб прави навистина одлична работа. Исклучително потсетува на славниот шампион и моментално е непоразен со сооднос 14-0.