Connect with us

Фудбал

Ова мора да боли, Французите го уништуваат Меси, по ова сигурно ќе бега од Париз!

Договорот на славниот аргентински фудбалер Лионел Меси со Пари Сен Жермен истекува на крајот од сезоната, а шансите за продолжување на соработката со парижаните речиси и да ги нема поради сето она што го доживува во Франција од навивачите и медиумите таму.

Не само што не успеа да ги освои срцата на навивачите на ПСЖ, туку стана и најомразениот играч во тимот. Не се задоволни од неговите настапи на најважните натпревари и повеќе не го сакаат во клубот.

Тие се бесни затоа што играч кој заработува 40 милиони годишно не покажа ништо во сите четири клучни натпревари во последните две сезони. Против Реал лани и Баерн оваа сезона не забележа ниту гол ниту асистенција, а на сите четири натпревари имаше само три удари кон голот.

Добива премногу во споредба со она што го дава на теренот, особено затоа што повторно отсуствуваше на најважните натпревари во Лигата на шампионите, од кои повторно бевме прерано елиминирани. јасно кажаа навивачите на францускиот клуб.

Со своите постапки во последно време јасно му ставаат до знаење дека го мразат – го исвиркуваат на домашните натпревари, го навредуваат и го понижуваат на секој можен начин.