Connect with us

Фудбал

Ова не го видовме во преносот во живо, како Хандановиќ и Квадрадо се фатија за гуша (ВИДЕО)

Тешко дека натпреварот помеѓу Јувентус и Интер можеше да биде подраматичен! Видовме гол од двете страни, драма во финишот, а потоа и тепачка на крајот од играта! Ова беше првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија, а како што изгледа ќе имаме вистинска драма во реваншот! На крајот од натпреварот хаос направија Самир Хандановиќ и Хуан Квадрадо, а кога искусниот словенечки голман се сврте, Колумбиецот го оттурна. И тогаш започна хаосот.