Connect with us

Фудбал

Ова не се гледа често, фудбалери му помагаа на судија во Серија А (ВИДЕО)

Судијата на вчерашниот натпревар од седмото коло на италијанската Серија А помеѓу Рома и Фросиноне, Матео Маркети доживеа мала незгода на крајот од натпреварот.

Маркети во 86. минута од натпреварот го „фатија“ од грчеви во двете нозе, по што натпреварот беше прекинат на кратко за да му се пружи потребната лекарска помош, а му помогна и играчот од средниот ред на Римскиот клуб Хусем Ауар.

По враќањето на теренот, италијанскиот судија мирно го приведе натпреварот кој заврши 2:0 во корист на домашните.