Connect with us

Други спортови

Ова никој не го објавува, но кукавицата кога дели алкохол тоа може

Шампионот во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов, се наоѓа во хуманитарна мисија во Африка. Дагестанецот одлучи голем дел од паричните средства да ги донира во хуманитарни работи за помош на сиромашните деца во Африка. Покрај тоа, тој овие денови се дружеше и со младите деца на кои им е неопходна социјална помош.

Но, Хабиб се разочара со тоа што неговата посета во Африка остана незабележана од страна на челниците на ММА, додека секој чекор кој ќе го направи Конор Мекгрегор, како и неговиот тим, е испратен со целосна посветеност.

  • Никој од ММА светот нема ова да го објави, но затоа ќе му дадат посебно внимание на тој кукавица кој дели бесплатен алкохол, истакна Хабиб на својот „Твитер“ профил.

Нурмагомедов пред еден месец со гушење во четвртата рунда го победи Мекгрегор, а целиот свет ја зборуваше сцената по борбата, кога Хабиб ја прескокна оградата на кафезот и започна тепачка со тимот на Мекгрегор.