Фудбал
Ова се 11-те најстари играчи на Мундијалот
Со натпреварот меѓу Катар и Еквадор во недела од 17 часот започнува овогодинешното Светско фудбалско првенство. За некои од најголемите светски играчи, како Роналдо, Меси или Лука Модриќ, речиси сигурно ќе биде последното големо натпреварување, а голем број играчи во доцните триесетти ја играат главната улога во нивните репрезентации.
Трансфермаркт состави состав од најстарите играчи на сите позиции, во кој најголеми ѕвезди се Кристијано Роналдо и Лука Модриќ. Капитенот на хрватската репрезентација доаѓа на овој турнир со 37 години и е меѓу најмладите во овој замислен состав во кој најстар играч е мексиканскиот голман Талавера кој има 40 години.

Просечната возраст на овој тим е 37,5 години, а место во него најде канадскиот фудбалер за врска Атиба Хачинсон, која девет години настапува за турски Бешикташ. За Дани Алвеш ова е четврти светски шампионат во кариерата, а ќе беше петти доколку не ја пропушти Русија поради повреда.