Connect with us

Фудбал

Ова се црните рекорди на Барселона и Меси кои ги поставија против Баерн Минхен

Барселона и Лионел Меси во поразот од 8:2 против Баерн Минхен поставија неколку црни рекорди во историјата на постоењето на овој клуб. Еве дел од нив. Првите четири голови ги примија по само 31 минута игра, а вакво нешто последен пат им се случило во 1951 година против Реал Мадрид. Ова е само втор пат во последните 67 години да во првото полувреме каталонскиот тим прими четири голови.

Прв пат Барса прими осум голови од 1946-та година кога со 8:0 загуби од Севиља во Купот на Шпанија. Барселона е трета екипа која во нокаут фазата примила осум голови. Претходно тоа го доживеале само Севиља од Реал Мадрид во 1958-ма година и Борусија Менхенгладбах од Ренџерс во 1960-та година.

Синоќешниот пораз од 8:2 е најтешкиот за Лионел Меси во европските купови, а воедно и во кариерата.

Таков сличен висок пораз Меси доживеал со Аргентина во 2009-та година кога беа поразени од Боливија со 6:1.