Connect with us

Тајмаут

Ова се уште не сме го виделе, навивачите ги соблекоа гаќите и со голи зад*ици се обидоа да спречат успешно изведување пенали (ФОТО)

Навивачите наоѓаат иновативни начини да му помогнат на својот омилен тим и да ги попречат нивните противници. Главно се работи за свирежи или нешто слично, но симпатизерите на Анже отидоа чекор понатаму. Тие ги соблекоа гаќите и ги покажаа голите задници со цел да го попречат изведувањето на пенали.

Се обидоа двапати, прво во 33. минута, а потоа и во 39. минута. Тие не беа успешни во ниту еден од тие два обида. Анже поведе со голот на Хуно во 28. минута, но следеа два пенали. Во 33. минута прецизен беше Кеи, па шест минути подоцна сигурен изведувач беше и Чам.