Фудбал
Ова веќе нема никаков смисол, каде оди фудбалот? Одигра 19 мечеви за Шпанија, а ќе стане најплатениот Шпанец!
Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигез наскоро би можел да стане најплатениот Шпанец во светот. Има понуди од Саудиска Арабија и 20 милиони евра по сезона, плата каква што нема ниту еден шпански фудбалер во светот на фудбалот во моментов. За неговиот потпис наводно се борат Ал Наср кој во своите редови ги има Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ и Ал Итихад кој летово ги донесе Карим Бензема и Нголо Канте.
Саул не е во преден план како некогаш, замина и на позајмица во Челзи, но и таму не се снајде. Има 28 години, речиси целата своја кариера ја помина во Атлетико, иако како дете накратко беше во школата на Реал. За шпанската репрезентација одигра 19 натпревари.