Connect with us

Фудбал

Оваа недела ќе биде посебна за Гави и Барселона

Оваа недела ќе биде посебна за младиот играч на Барселона Гави, бидејќи тој ќе полнолети во петок. Токму тоа го чекаат тој и клубот за да го потпишат неговиот нов договор, кој ќе биде на пет сезони – до 2027 година. Според правилата, фудбалер кој е под 18 години не смее да парафира договор повеќе од 3 години.

Според „Мундо Депортиво“, двете страни одамна се договориле за должината на новиот договор, но ограничувањето морало да се почека.

Откупната клаузула на Гави се зголемува на 1 милијарда евра, како и другите таленти како Ансу Фати, Педри и Роналд Араухо.