Поврзи се

Други спортови

Овечкин испишува историја во НХЛ

Рускиот хокеар Александар Овечкин е шестиот играч во НХЛ лигата кој постигнал 600 гола за ист клуб. Тој е член на Вашингтон, а до големото достигнување стигнува во 13-та негова сезона во најсилната лига на светот.

Пред него, само пет хокеари успеале да постигнат 600 гола за ист тим. Рекордер е Горди Хау (Детроит) со 786 погодоци, Стив Ајзерман (Детроит) дал 692 гола, Марио Леме (Питсбург) 690, Џо Сакик (Колорадо) 625 и Боби Хал (Чикаго) кој 604 пати ги совладал противничките голмани.

Со 32 години и 176 дена Овечкин е третиот најмлад хокеар во НХЛ кој стигнува до 600 гола.

Еден од најпознатите хокеари на светот и најефикасен играч во НХЛ лигата, Вејн Гретцки кој кариерата ја заврши со 894 погодоци, го нема на горната листа, бидејќи има 583 гола во дресот на Едмонтон, а другите погодоци му се играјќи за други екипи.

ФОТО

loading...

Повеќе од Други спортови

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com