Тајмаут
Овој фудбалер навистина луд! Ги донесе и жената и девојката, на роденден на ќерката (ФОТО)
Во текот на изминатата година многу повеќе написи беа напишани за неговиот приватен живот отколку за неговата фудбалска кариера и достигнувања во дресот на Реал Мадрид и бразилската репрезентација.
Пред неколку дена Едер Милитао го прослави првиот роденден на својата ќерка Сесилија. А сега, ништо не би било чудно, доколку Бразилецот не ја поканеше сопругата, но и сегашната девојка на церемонијата организирана во еден елитен ресторан.
И се фотографираше со двете. Според бразилските медиуми, двете жени не покажале нетрпеливост една кон друга. И на двете им било важно да го имаат вниманието на Едер Милитао, кој благо кажано уживаше во секој момент.
Минатото лето Едер Милитао ја остави сопругата Каролина Лима, која беше бремена во деветтиот месец.
Оттогаш тој се гледа со Касија Гомез прво тајно, а потоа и јавно. Штом медиумите ја открија прељубата, Едер Милитао реши да не ја крие девојката, па на јавноста и ја претстави новата избраничка. Интересно е што и Каролина Лима и Касија Гомез пред да го запознаат Едер Милитао биле во емотивна врска со неговиот колега од бразилската репрезентација Нејмар.
Ова е Каролина Лима

А, ова е Касија Гомез
