Connect with us

Тајмаут

Овој фудбалер нема слаба нога, погодува фаули и со лева и со десна (ВИДЕО)

Поранешниот играч на Арсенал, Санти Казорла ги запрепасти фановите на социјалните мрежи. Тој подеднакво добро изведува статични позиции и со левата и со десната нога.

Некогашната ѕвезда на англискиот премиерлигаш моментално се натпреварува за катарскиот Ал Сад и продолжува да ја покажува својата одлична класа. Тоа го направи и против Ал Саилија со успех од 4-0 во Купот.

Веќе во Англија, Шпанецот беше познат по добрата игра со двете нозе – богатство кое ретко кој фудбалер го поседува.

Против Ал Саилија тотално ги воодушеви навивачите бидејќи изведе директен слободен удар со левата нога и ја погоди стативата во 42. минута. На четврт час до крајот тој би со десната нога и овојпат го совлада противничкиот гард.

Во 2016 година, на натпреварот помеѓу Арсенал и Ватфорд, Казорла беше советуван од соиграчот Лоран Косиелни да изведе корнер со другата нога. Ова не е проблем за играчот од средниот ред.

Една година претходно, Казорла изјави за клупскиот сајт на Арсенал која е тајната да се игра подеднакво добро со двете нозе.

„Отсекогаш ја претпочитав десната нога уште од мала. Дојде момент кога имав лесна повреда на глуждот на десната нога и морав повеќе да ја користам левата нога. Да можам да ги користам двете нозе е сосема нормално за мене уште од детството кога почнав да играм фудбал. Сепак, напорно работам на тоа за да можам да го продолжам. Сè започнува со многу работа. По тренингот останував и половина час ја шутнав топката во ѕид со слабата нога. Фудбалерите мора да запомнат дека сè доаѓа со напорна работа“, изјави тогаш Казорла.