Поврзи се со нас

Фудбал

Овој вид понуда не се памети во фудбалот: Што му нуди ПСЖ на Рамос?

Серхио Рамос се уште го нема продолжено договорот со Реал Мадрид.

Договорот на капитенот на мадридскиот гигант истекува летото следната година, а веќе се пишува многу за тоа како би можел да си замине по 16 години.

Рамос се поврзува со бројни клубови. ПСЖ е меѓу нив, а Парижаните се подготвени за понуда за шпанскиот фудбалер што не се памети.

Според наводите на медиумите, ПСЖ му нуди на Рамос „апсолутно сè што сака“. На тој начин тие ќе се обидат да го убедат да потпише за нив и сè ќе сторат за тој да заврши во Париз.

Рамос е главна цел на спортскиот директор на ПСЖ, Леонард и сигурно е дека понудата ќе биде многу богата и нешто за што Серхио добро ќе размисли.

loading...

Facebook