Поврзи се со нас

Фудбал

Озил доби осум милиони фунти бонус од Арсенал

Лондон, 12 октомври 2020 (МИА) – Играчот за врска на Арсенал, Месут Озил доби осум милиони фунти од клубот, објави „Атлетик“.

-текстот продолжува по рекламата-

На крајот на септември „топчиите“ му платија на играчот бонус за лојалност. Оваа сума му следуваше на Озил според договорот во случај тој да не го напушти лондонскиот клуб пред крајот на 2020 година.

За потсетување, Арсенал сакаше да го продаде Озил во текот на летниот преоден рок, но не најде купувачи за играчот.

-текстот продолжува по рекламите-

За фудбалерот беше заинтересиран за Ал-Наср, но тој одби да се пресели во Саудиска Арабија.

Главниот тренер на Арсенал, Микел Артета не го вклучи Озил во составот за Лигата на Европа. Фудбалерот нема играно за Арсенал од март. зс/

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама
Реклама