Connect with us

Фудбал

Озил е повреден поради видеоиграта Fortnite

Месут Озил неколку пати има повторено дека е голем фан на видеоигрите, а освен спортските симулации, германскиот интернационалец ужива додека ја игра светски познатата Fortnite: Battle Royale.

Сепак, одличниот играч се има заиграно малку повеќе од потребното. Последен пат дресот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал го носеше на 11 ноември, кога неговиот тим освои бод во дуелот против Вулверхемптон, а на последните четири натпревари не беше во комбинација поради повредата на грбот. Германскиот весник “Билд” контактираше неколку стручњаци кои се убедени дека болките во грбот се последица од играњето видеоигри.

Неименуваниот професор за превенција од повреда и рехабилитација во спортот за “Билд” изјави дека Озил премногу игра Fortnite, односно предолго седи пред компјутер.

  • Да, тоа може да биде причина за болката која Озил ја чувствува во грбот. Професионалните спортисти ги осеќаат последиците од неактивноста многу побрзо во споредба со останатите луѓе. Тоа е така затоа што физичката структура на Озил е прилагодена за напорни тренинзи. Од друга страна, просечната личност тоа нема да го осети, изјави професорот.

Германецот на играта има прекар м10_88, а статистичките податоци кои се објавени на страницата Wasted on Fortnite покажаа дека Озил има одиграно 5.227 дуели, на кои забележал 632 победи.

Истата страница откри дека Озил има играно вкупно 960 часа, односно 40 дена. За споредба, Хари Кејн и Пјер-Емерик Обамејанг имаат одиграно дупло помалу во споредба со Озил.