Connect with us

Фудбал

Озил надвор од листата за настап во ЛЕ – топ 10 слободни играчи во 2021 година!

За најплатениот играч на лондонскиот гигант, Месут Озил нема места на списокот кој го објави Микел Артета. На списокот се наоѓаат фудбалери на кои ќе смета за натпреварите го следуваат во Лига Европа.

Озил игра во Арсенал од 2013 година и заработува над 350.000 фунти неделно. Во сезоната 2019/20, тој одигра 23 натпревари за тимот, постигна еден гол и три асистенции.

Инаку, германскиот играч за врска Месут Озил ќе го напушти Арсенал следното лето откако му истече договорот, пишува „Дејли меил“. Според изворот, 31-годишниот Германец неодамна изразил незадоволство од управата и стручниот штаб на „Топчиите“, поради што е одлучено да не се продолжи договорот со него.