Поврзи се со нас

Фудбал

Озил: Рамос е најдобриот дефанзивен напаѓач на светот

Лондон, 4 ноември 2020 (МИА) – Фудбалерот за врска на Арсенал, Месут Озил, кој претходно играше за Реал, му го честиташе на дефанзивецот и капитен на мадридскиот тим, Серхио Рамос 100. Погодок.

  • Рамос е најдобриот дефанзивен напаѓач во светот. Тој постигна 100 гола за Реал Мадрид. И  мојот пријател Бензема постигнува погодоци како и секогаш во Лигата на шампионите, објави Озил на Твитер.

Триесет и четиригодишниот Шпанец, вчеравечер го постигна јубилејниот 100-ти во дресот на Реал, на мечот од Лигата на шампионите против Интер (3:2). зс/

loading...

Facebook