Фудбал
Па, дали е можно 8-годишната „љубов“ вака да заврши, Интер се прости од Брозовиќ со два збора, Хрватот иронично им возврати (ФОТО)
Марсело Брозовиќ по 8 години минати во Интер, се раздели со клубот. Иако важи за еден од најдобрите играчи за врска во Италија, сепак Интер го продаде на Ал Наср за „скромни“ 18 милиони евра. Се чини дека осумгодишната „љубов“ не заврши како што се очекуваше. Имено, на социјалните мрежи Интер се збогува со него само со два збора, објавувајќи негова фотографија под која пишуваше „Збогум, Брозо“.

Хрватот, кој важи за доста темпераментен фудбалер, не остана должен, па иронично ја искоментира објавата со зборовите „Убава слика“. Според италијанските медиуми, Брозовиќ не сакал да замине сега, а доколку морало да замине тогаш тоа да биде во Барселона, која исто така се интересираше. Сепак, поради тоа што тимот од Саудиска Арабија бил поубедлив со финансиската понуда до Интер, клубот решил да го продаде во Ал Наср.