Connect with us

Фудбал

Па дали е можно, податок за кој е тешко да се поверува, Барселона цела сезона без гол од пенал, срушена традиција стара 81 година

Фудбалерите на Барселона по четиригодишна пауза ја освоија титулата шампион на Шпанија.

Каталонците ставија крај на доминацијата на Реал, а оваа титула ќе остане запаметена по тоа што Барселона цела сезона не постигна ниту еден гол од белата точка.

Тоа не значи дека најстрога казна не му била досудена на шпанскиот гигант. Тоа се случи двапати, но Роберт Левандовски го промаши пеналот против Алмерија и Феран Торес против Валенсија.

Така беше прекината 81-годишната традиција, кога Валенсија стана шампион без гол од удар од белата точка.

На крајот од Ла Лига, Барселона имаше 10 бода од Реал Мадрид.